Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Како што се наведува во соопштението, детето било донесено на Одделот за детски болести во штипската Клиничка болница на 14 јануари во 18 часот во „тешка општа состојба со засегната свест“.

-

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа.

Како што информираат оттаму, детето било донесено во многу тешка здравствена состојба.

Претходно, од штипската Клиничка болница излегоа со соопштение за смртта на деветгодишното дете.

Како што се наведува во соопштението, детето било донесено на Одделот за детски болести во штипската Клиничка болница на 14 јануари во 18 часот во „тешка општа состојба со засегната свест“.

Здравствените инспектори веќе работат на случајот, уверува директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„На Клиниката за Детски болести е примено детето во екстремно тешка состојба и веднаш е згрижено од тим специјалисти и доктори на интензивна нега. Државниот санитарен и здравствен инспекторат по мој налог како директор и согласно нашите надлежности, ќе изврши вонреден инспекциски надзор за текот на лекувањето“, изјави д-р Кирил Лазов, директор на ДСЗИ.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...