Хакерската група „ShinyHunters“ која им ја проби датабазата на „Rockstar Game“ девелоперите на GTA 6 им дадоа рок до 14 април, дека ќе протечат голем број податоци за шестиот дел од долгоочекуваната игра Grand Theft Auto 6.

Ова може драстично да наштети и на фирмата и на идни продажби на играта дека хакерите би објавиле компромитирачки информации кои „би предизвикале неколку иритантни проблеми“ како што се изразиле.

Додека хакерите ги држат податоците за откуп тие исто така им порачаа на студиото Rockstar „платете инаку податоците ќе протечат”. 

Хакирањето беше првозабележано и истакнато на порталите „Cybersec Guru“ и „Hackread“. Реакцијата и потврдувањето за случајот од страна на Rockstar најпрво беа објавени на гејминг порталот „Kotaku“ и велат дека „пристапено е до ограничена количина на нематеријални податоци на компанијата во врска со упадот извршен од трета страна“ но и додадоа дека овој инцидент нема ефект ниту на нивната организација ниту пак на играчите. 

„Rockstar Games“ се соочија со хакерски напад од хакерската група наречена „Lapsus$“ уште во 2022 година, поради што протекоа голем број снимки со гејмплеј и други видеа од GTA 6, а 18 годишен припадник на хакерската група „Lapsus$“ беше осуден и пратен на „неограничено болничко лекување”.

Но хакерската група „ShinyHunters“ делуваат на драстично посериозно ниво и се смета дека стојат зад напади на Google и Microsoft, што нивниот ултиматум до утре – 14 април го прави навистина реална закана за фирмата „Rockstar“ и за развојот и продажбите на несомнениот иден светски хит GTA 6 кој е најавен дека ќе се објави на 19 ноември 2026.