fbpx

Деведесет луѓе за две и пол години биле повредени во сообраќајни незгоди со тротинети

Законската слабост е тоа што електричните тротинети можат да се возат без дозвола и оттаму луѓето не се должни да ги познаваат во целост сообраќајните правила. Понатаму, деца над 14 години на овој начин можат да станат рамноправни учесници во сообраќајот, а имаме и случаи кога и деца под 14 години ги користат електричните тротинети, рече Стојанче Ангелов

-

Единаесет луѓе, возачи на електрични тротинети или пешаци, само до мај годинава биле повредени, од кои двајца имале тешки телесни повреди. Претходната 2022 година, според евиденцијата на МВР имало 49 повредени во незгоди со електрични тротинети, од кои осум со тешки телесни повреди. Во 2021 година пак, повредени биле 30 лица, од кои осум имале тешки телесни повреди.

Ова на прес конференција го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, говорејќи за зголемената употреба на електрични тротинети, која има свои предности, но и слабости.

„Од неодамна беа пуштени уште 500 електрични тротинети за изнајмување, кои можат да ги користат и деца. Ние во ЦУК одржавме две координативни средби, но претставници од некои институции не дојдоа. Заклучокот од средбите е дека покрај позитивните страни, постојат и ризици. Законската слабост е тоа што електричните тротинети можат да се возат без дозвола и оттаму луѓето не се должни да ги познаваат во целост сообраќајните правила. Понатаму, деца над 14 години на овој начин можат да станат рамноправни учесници во сообраќајот, а имаме и случаи кога и деца под 14 години ги користат електричните тротинети, користејќи ги платежните картички на своите родители“, рече Ангелов.

Тој побара поголема свесност од родителите, да проверуваат дали децата ги користат нивните картички, но и спроведување кампања од надлежните институции за управување со електричните тротинети согласно законските прописи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...