fbpx

Детската амбасада „Меѓаши“ целосно го поддржа „Средношколски пленум“

-

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска ја изрази својата целосна поддршка за „Средношколски пленум“ и за нивната јасно искажана и покажана потреба да бидат активни носители на општествените промени што нив ги засегаат.

„Го повикуваме министерот за образование конечно да го препознае потенцијалот што го носат младите и да ја испочитува нивната одлучност активно да придонесат во создавањето подобар систем на образование во Република Македонија. Децата ризикуваат матура и упис на факултет! Протестираат и бојкотираат и се солидаризираат едни со други без оглед дали ќе полагаат математика или не. Изложени се на секојдневни притисоци дека нема да полагаат матура, дека мора да потпишуваат разни изјави“, стои во соопштението.

Од „Меѓаши“ оценуваат дека Министерството за образование, наместо да преземе одредени мерки со кои ќе им помогне во барањата на учениците, кои се, пред сè, во нивни интерес, тие со своите постапки ги казнуваат, ги заплашуваат, им се закануваат, ги понижуваат и ги потценуваат.

„Дали е потребно да се создаде уште поголем револт и уште поголем гнев и на учениците и на родителите, па да се прелее незадоволството во порадикални форми од бојкот? Во тој случај, кој ќе ја преземе одговорност за случувањата? Први чекори кон промена се воспоставувањето контакти меѓу двете страни и почнување или одржување комуникација. Затоа сметаме дека министерот за образование треба итно да го повика „Средношколски пленум“ на разговор и договарање околу состојбата. Треба да сме свесни дека во спротивно состојбата може и да ескалира со несакани последици, што никој, всушност, и не го посакува или, пак, да резултира со гаснење на надежта кај младите дека се можни промените и дека нивните права гарантирани со Конвенцијата за правата на детето не се почитуваат иако Република Македонија е потписничка на документот. Многупати досега апелиравме дека Конвенцијата за правата на детето му го признава правото на детето на учество, што значи детето да биде слушнато и консултирано за работи и за одлуки кои се од негов интерес! Учеството на децата е еден од четирите основни принципи на Конвенцијата, покрај правото на опстанок и на развој, недискриминацијата и најдобриот интерес на детето“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...