Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Најголем дел од парите граѓаните ги трошат на храна. Дека половина од платата им оди само за задоволување на глад велат 35.8 проценти од испитаниците, 30,2 отсто велат дека трошат три четвртини а 15,6 проценти велат дека се што ќе заработат трошат за прехранбени намирници

-

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина од граѓаните велат дека донекаде успеваат да ги покријат своите трошоци а негативен одговор даваат вкупно 51,2 проценти од испитаниците.

Најголем дел од парите граѓаните ги трошат на храна. Дека половина од платата им оди само за задоволување на глад велат 35.8 проценти од испитаниците, 30,2 отсто велат дека трошат три четвртини а 15,6 проценти велат дека се што ќе заработат трошат за прехранбени намирници.

За 3 проценти пораснал процентот на граѓани кои ја трошат целата плата на храна споредено со истото истражување направено во 2023та.

82,7 проценти од испитаниците, или повеќе од 8 од 10 граѓани велат дека трошоците за живот се зголемени. За задоволување на потребите на едно четиричлено семејство 67,5 проценти од испитаниците одговориле дека се потребни месечни примања повисоки од 1000 евра.

Граѓаните не се оптимисти ниту за периодот кој следи. 59,2 проценти сметаат дека инфлацијата и во следната година ќе продолжи да расте. Намалување на цените очекуваат околу 10 проценти од испитаниците.

79,4 проценти од граѓаните велат дека мерките за замрзнување на цените не даваат ефект. Според нив на растот на цените не влијае реалниот трошок за производство туку желбата за поголем профит на трговците и маркетите. Ваков одговор дале дури 72.3 проценти од испитаниците.

69,2 проценти од испитаниците велат дека растот на економијата и продуктивноста треба да бидат фактор за зголемувањето на минималната плата. Дека таа треба да се диктира само од политички одлуки велат 17 проценти од испитаниците.

Истражувањето на ИПИС за Детектор е спроведено од 24 до 26 јануари оваа година, телефонски, на репрезентативен примерок од 1033 испитаници од целата држава.

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...