Дете повредено во забавен парк во Ново Село, врз него паднал рефлектор

Од слобода бил лишен 40-годишен човек од Прилеп во врска со настанот

-

Денеска во 00.30 часот во СВР Струмица малолетник се здобил со тешки телесни повреди во забавен парк во с.Ново Село, откако врз него паднал рефлектор. Тој бил однесен во Медицинскиот центар Струмица, кој го пријавил случајот во полиција.

Во врска со настанот од слобода бил лишен 40-годишно лице со иницијали Б.К. од Прилеп.

Бил извршен увид од увидна екипа на СВР Струмица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...