fbpx

Десковска: Потребни се реформи во стручното образование за потребите на пазарот на труд

-

Министерката за образование и наука, Рената Треневска-Десковска, денеска се сретна со делегација на германското стопанство во Македонија, предводена од шефот на делегацијата Патрик Мартенс, информираат од Министерството.

На средбата се разговарало за популаризирањето на средното стручно образование и за реформите во наставните планови и програми, кои треба да придонесат, млади луѓе по завршувањето на средното образование да бидат високо-квалификувани и компетитивни на пазарот на трудот.

Десковска ја нагласила потребата од вклученост на стопанската комора во процесот, за подобро усогласување на потребите на пазарот на трудот и профилирањето на работниот кадар.

Според видот на образованието, оваа година бројот на новозапишани ученици во гимназиите изнесува 6.665, додека бројот на новозапишани ученици во средните стручни училишта изнесува 10.023 ученици.

Странските инвеститори во земјава веќе подолг период алармираат дека компаниите се соочуваат со недостиг од квалификувана работна сила и потребни им се стручни работници во сите сектори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...