fbpx

Десетици загинати лица во судирите меѓу Азербејџан и Ерменија за Нагорно-Карабах

-

Азербејџан и Ерменија започнаа жестоки судири на граничната линија меѓу двете земји околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Десетици лица загинаа само во текот на вчерашниот ден, а извештаите на светските медиуми се разликуваат во бројот на мртви и повредени поради различните бројки што ги испраќаат официјалните власти од двете земји, а кои не можат да се потврдат во отсуство на дописници на терен.

Ерменскиот амбасадор во Москва утрово изјавил дека околу 30 лица досега загинале на страна на Ерменија во Нагорно-Карабах. Тој потврдил дека судирите меѓу силите на непризнаената република Нагорно-Карабах и ерменската војска против азербејџанските воени сили продолжиле и во текот на денешниот ден, јавува руската новинска агенција ТАСС. 

ТАСС ги пренесува и информациите на властите во Азербејџан, кои соопштуваат дека досега има најмалку шест загинати и 26 повредени граѓани како резултат на судирите меѓу двете страни. По прогласувањето на воената состојба, аеродромот во Баку е затворен за сообраќај. Воена состојба прогласи и Ерменија, како и непризнаените власти во Нагорно-Карабах. Воедно, сите прогласија воена мобилизација на населението во нивните земји.

Би-би-си јавува дека најмалку 23 лица загинале во вчерашните судири меѓу азербејџанските и ерменските воени сили. Ерменија и Азербејџан се обвинуваат меѓусебно за тоа кој прв започнал со воени дејствија викендов. Двете земји тврдат судирите не се одвиваат единствено во спорниот регион Нагорно-Карабах, туку и дека спротивставените страни стрелаат врз градови и села преку границата во соседните земји, што придонесува и за раст на бројот на загинати и повредени лица.

Ерменија го обвинува Азербејџан дека започнал офанзива за заземање на територијата на Нагорно-Карабах, регион којшто е населен со Ерменци, дел е од меѓународно признаената граница на Азербејџан, но де-факто е надвор од контрола на азербејџанските власти уште од распадот на Советскиот сојуз. Со поддршка на ерменските власти, по склученото примирје во 1994 година, Нагорно-Карабах формираше своја република која што не е меѓународно призната.

Европската Унија, САД и Русија повикаа на итно и безусловно прекинување на судирите меѓу Азербејџан и Ерменија. Официјална Москва, која е традиционален партнер во изминативе три децении на Ерменија, побара двете страни итно да прекинат со огнот и да почнат преговори за стабилизирање на ситуацијата. Сепак, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објавил дека Турција, како традиционален партнер на Азербејџан, ќе застане со поддршка позади оваа земја со сите свои средства, јавува „Гардијан“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...