fbpx

Десет железнички станици во Македонија ќе се обноват за 2,2 милиони евра

-

Десет железнички станици во Макеоднија ќе се реконструираат и ќе добијат нов лик, а проектот државата ќе ја чини 2,2 милиони евра.

– Прва железничка станица што ќе се рехабилитира е железничката станица во Прилеп. За неа веќе издадовме одобрение за градење и слободно можам да кажам дека со ова, практично, почнуваме еден инвестициски зафат со кој комплетно ќе ги реконстурираме сите железнички станици на Коридор 10 со најдобрите практични решенија –  изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Проектот на Министерството за транспорт и врски опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на станиците. Според најавите, целосно ќе бидат заменети покривите и подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети.
Комплетно ќе се сменат водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, ќе се постават системи за греење и за ладење, за противпожарна заштита, патнички информативен систем, а ќе се подобрат и пристапноста за товарен транспорт и за лицата со намалена подвижност, достапноста и поврзувањето со патниот транспорт.

Во тек се активности за обнова и на Железничката станица во Скопје, за што инвестицијата е 2,9 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...