Десет лица се уапсени во Лондон, по судирите со полицијата што избија за време на протестите на хакерската организација „Анономус“ организирани под називот „Марш на милион маски“, соопшти лондонската полиција.

„За време на протестите, имаше неколку случаи со насилство. Уапсени се 10 лица“, се наведува во соопштението, во кое стои и дека повеќето луѓе носеле маски и оти протестите минале мирно и без поголеми инциденти.

Безбедносните мерки во Лондон беа засилени пред протестите, кои, според „Анонимус“, имале цел „да ја потсетат Владата дека луѓето никогаш нема да дозволат репресии“.

Повеќе од 400 протести „Марш на милион маски“ беа планирани во поголемите градови наескаде во светот за да се сврти вниманието кон долгата листа прашања за кои „Анонимус“ наведува дека се „погрешни“.