Десет политички партии се обврзаа да го сменат Законот за абортус

-

Платформата за родова еднаквост ги повика сите политички партии да се обврзат дека по изборите ќе го сменат Законот за прекинување на бременоста од 2013 година.

Декларацијата денеска ја потпишаа 10 политички партии: ВМРО – Народна партија, Демократска обнова на Македонија (ДОМ), Достоинство, Левица, Либерална партија(ЛП), Либерално-демократска партија (ЛДП), Нова социјалдемократска партија (НСДП), Обединети за Македонија, Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) и Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

Во декларацијата испратена до партиите се побара по парламентарните избори тие да се обврзат да направат измени на Законот за прекинување на бременоста, и тоа во одредбите што го ограничуваат пристапот до абортус на жените во здравствените институции и го загрозуваат правото на здравствената заштита и на репродуктивните права.

Исто така, партиите со потпишувањето се обврзаа на транспарентност и на партиципативност на сите заинтересирани страни, вклучително и на граѓанските организации, во процесите на донесување нова законска регулатива, при што ќе се следат препораките на Светската здравствена организација и обврските од националните и од меѓународните документи за човековите права.

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...