fbpx

Деркоски: Изборите минаа во коректна атмосфера, нема пријави за нерегуларности

-

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) ги соопшти прелиминарните резултати од претседателските избори, посочувајќи дека според 98,84 отсто обработени гласови од 3.436 избирачки места, во огромно водство е кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.

Од 816.649 гласачи кои излегле на избирачките места, односно 46,44 проценти од вкупниот број регистрирани гласачи, важечки се 787.272 ливчиња, а неважечки 29.377, односно 3,6 проценти од вкупниот број.

– За Гордана Сиљановска – Давкова гласале 363.980 гласачи, односно 44,57 проценти. За Стево Пендаровски гласале 423,292, односно 51,83 проценти. Можам да заклучам дека од аспект на ДИК, денешниот изборен ден помина во фер и коректна атмосфера. Немаше, во целиот ден, стасани пријави во ДИК за какви било нерегуларности, што зборува за нивната успешност. Им честитам на граѓаните што излегоа и го дадоа својот глас, онака како што гласаа. Им честитам и на тие што не излегоа и се надевам дека на следните избори ќе излезат и гласаат. Имавме добри кандидати што во текот на целата кампања се однесуваа коректно, нема да им замерам за заморот во последните денови, што дадоа некои изјави што не беа коректни – рече Деркоски.

Тој појасни дека ДИК во текот на ноќта ќе ги прими сите сите резултати од сите Општински изборни комисии (ОИК) и утре ќе ги соопшти конечните резултати, по што ќе почнат да течат роковите за приговори.

Деркоски рече дека најголем дел од општинските изборни комисии добро си ја завршиле работата, но имало мал дел што потфрлиле.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...