Дер Лејен: 70 отсто од возрасните во ЕУ се целосно вакцинирани

Фото: Jennifer Jacquemart/European Union, 2021

Европската Унија (ЕУ) денеска одбележа важно постигнување – 70 отсто од возрасните во ЕУ се целосно вакцинирани, што претворено во бројки изнесува 256 имунизирани возрастни жители на членките на ЕУ. Пред седум седмици ЕУ ја постави својата цел до крајот на јули да им достави на своите членки доволно вакцини за целосна имунизација на 70% отсто од возрасните, а денеска беше објавено дека таа цел е постигната.

Целосната вакцинација на 70 отсто од возрасните во ЕУ до август е големо постигање. Стратегијата на ЕУ за придвижување напред заеднички се исплатува и ја става ЕУ на чело на глоаблната битка против ковид-19. Но пандемијата не е завршена. Ни треба повеќе. Ги повикувам сите што можат да се вакцинираат. А потребна ни е и помош за да се вакцинира остатокот од светот. Европа ќе продолжѓи да ги поддржува своите ипартнери во овој напор, посебно земјите со ниски и средни примања, рече претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен.


ЕУ продолжува со вакцинирањето на населението, а посебно со поддршката на земјите-членки што се уште се соочуваат со потешкотии, порача Стела Киријакидес, еврокомесар за здравје и безбедност на храната.

Треба да го затвориме имунизацискиот јаз и вратата за новите соеви, а за да го сториме тоа, вакцинацијата мора да победи во трката со соевите, рече Киријакидес.

Брзата, целосна вакцинација на целните групи – во Европа и глобално – е клучен фактор за контролирање на влијанието на пандемијата. ЕУ води во мултилатералниот одговор – извезе околу половина од вакцините произведени во Европа во други земји во светот. Тим Европа придонесе со речиси 3 милијарди евра во механизмот КОВАКС за да се обезбедат најмалку 1,8 милијарди дози за 92 земји со ниски или средни примања. Последната испорака од КОВАКС е од 200 милиони дози за 138 земји. Покрај тоа, Тим Европа има цел до крајот на 2021 година да испорача уште 200 милиони дози вакцини набавени од ЕУ за земји со ниски и средни примања, соопшти ЕК