Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

И граѓаните и власта се (сè уште) доминантно проевропски и прозападно ориентирани, без оглед на сета неизвесност што ја носи иднината поради големите промени во меѓународните односи, особено по промената во политиките на најголемите меѓународни „играчи“

-

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како Ден на победата се одбележува и во Лондон, во Париз, во Брисел…односно во целата ЕУ, пишува „Вистиномер“

Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост:

Професорката Билјана Ванковска испрати советодавна реакција за македонските власти да побрзаат да купат карта за Москва за да се одбележи Денот на победата над фашизмот, а по изјавата на еврокомесарката за проширување Марта Кос која се однесува на С. Македонија:

Да сум на власт, после оваа изјава на Словенката Кос, комесарка за (не)проширување на ЕУ (патем, ја прочитав целата изјава), јас би купила карта за Москва. Да прославам Ден на победа над фашизмот! ЕУ е и забегана и изгубена. (извор – ФБ статус на Ванковска).

Ваквиот јавен став на професорката заслужува мало дообјаснување поврзано со доминантната реалност во и околу земјава, која во неколку најважни сегменти е следна:

Со други зборови и граѓаните и власта се (сè уште) доминантно проевропски и прозападно ориентирани, без оглед на сета неизвесност што ја носи иднината поради големите промени во меѓународните односи, особено по промената во политиките на најголемите меѓународни „играчи“.

Конечно, иако никој не може да го негира придонесот на некогашниот Советскиот сојуз за победата над фашизмот во Втората светска војна, никој и никогаш не може да ги негира и жртвите на сите други земји што се бореа против фашизмот и на Запад и на Исток и на Југ и на Север, вклучително и жртвите од македонските и сите други граѓани што се бореа ем против фашизмот, ем за создавање македонска држава. Затоа, Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како Ден на победата се одбележува и во Лондон, во Париз, во Брисел…односно во целата ЕУ.

 

Пишува: Теофил Блажевски

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје,...