Денеска завршува годинашниот саем на книгата

Денеска звршува годинашниот саем на книга кој започна на 8 септември и се одржуваше во надворешниот дел на А1 арената во спортскиот центар Борис Трајковски.

Како и минатата година и оваа година се почитуваа мерките за заштита од ковид вирусот и поради тоа беа поставени монтажни објекти на кои беа изложени книги од различни издавачки куќи во Македонија. Сите посетители требаше да имаат соодветна вакцина како и заштитна маска.

Како што посочуваат издавачите, годинава посетеноста е значително намалена со оглед на моменталните услови предводени од вирусот и за жал, посетеноста е уште послаба од лани.

Годинешниот саем на книга помина во мирни услови. Ги немаше некогашните редици за можност за разгледување на книгите на шандовите и редиците за купување на книги.

Издавачите посочуваат дека забележале оти купувачите и љубителите на книги доаѓаат разгледуваат, љубопитни се и прашуваат за одредени книги се додека не се соопштат цените. Поради тоа бројот на продадени книги е очекувано понизок.

За време на овој саем забележливо беше дека наплив на посетители имаше само во кратки периоди од денот, додека во останатиот дел од денот речиси и воопшто да немаше луѓе.

Сепак, дел од издавачите посочуваат дека е добро што сепак се одржа оваа манифестација во чест на пишаниот збор и книгата како негов производ.

Некои од книжарниците и издавачите најавија дека ќе ги задржат намалените цени на некои изданија кои што може да се набават онлајн за сите оние кои што не беа во можност да го посетат саемот на книга оваа година.