fbpx

Денеска завршува обврската за поседување зимска опрема

-

Законската обврска за поседување зимска опрема во возилата завршува денеска.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви и чисти коловози, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Според ДЦС МВР, поради обилни врнежи од снег, локалниот пат од Кратово до селото Каврак е непрооден. Регионалниот пат Пробиштип – ХС Злетовица во селото Којково, Кратовско, е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип, кај селото Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип – Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и низ засеците, на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово и Гостивар – крак Маврово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12 јануари 2015 година, почнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од пет месеци (до 12 јуни 2015 година). Работите се изведуваат во временски период од 6 до 19 часот.

На делот од патот од браната Маврово до раскрсницата за село Галичник, продолжуваат градежните работи. Од АМСМ препорачуваат повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање, можни се повремени затворања на патот.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес – Скопје, од штипската клучка до тунелот кај Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

– Според известувањето од „ИРД инженеринг“, од 10 февруари 2015 година се работи на мостот A1-69L, на автопатот А1 (Е75), делница Велес – Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на новопоставената сигнализација. Планирано е работите да траат три и пол месеци – известуваат од АМСМ.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под привремен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до селото Лозово и од селото Лозово преку селото Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци, за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

На 19 декември 2014 година, почна привремениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од привремен карактер и ќе се спроведува од 19 декември 2014 година до 31 март 2015 година, во текот на денот и тоа од 8 часот до 20 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...