fbpx

Денеска во 11 часот на лидерска средба во Владата ќе се разгледува предлогот на француското претседстелство

-

Премиерот Димитар Ковачевски утрово најави почеток на процес на широки консултации во врска со францускиот предлог за преговарачката рамка на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„Денес во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседателство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Тој додаде дека во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите и истакна дека целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.

>„Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог. Оттука, апелирам до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите чинители за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани“, порача Ковачевски.

Вчера во Мадрид за време на НАТО самитот претседателите Стево Пендаровски и Емануел Макрон директно разговараа за модификациите на францускиот предлог.  По средбата Макрон соопшти оти смета дека е најдено компромисно решение за преговарачката рамка на Северна Македонија, која ја вклучува и Бугарија.

Макрон: Најден е компромис за преговарачката рамка на Северна Македонија

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...