fbpx

Денеска тропски жеги, со температура над 35 степени

-

Македонија неделава е зафатена од топлотен бран со температури од жолта (алертна) фаза. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска максималните температури на повеќе места ќе надминат и 35 степени.

Се очекува температурите утре да достигнат 40 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Територијата на Македонија неделава е зафатена од топлотен бран со температури од жолта (алертна) фаза. Зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од утре до петок во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, односно да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), да консумираат лесна храна и течности, посебно да внимаваат при подготовка и консумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а при влегување во возило треба одреден период да го проветрат.

Во текот на ваквите екстремно топли денови, посочуваат од Министерството, граѓаните, доколку е тоа можно, треба да останат во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...