fbpx

Денеска свеченост по повод Светскиот ден на институтите „Конфучиј“

-

Денеска, во организација на Институтот „Конфучиј“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, во Скопје ќе бидат одбележани 26 септември – Светски ден на институтите „Конфучиј“, Празникот на средината на есента и 1 Октомври – Националниот ден на НР Кина.

Светскиот ден на институтите „Конфучиј“ ќе биде одбележан со отворени часови по кинески јазик и култура, додека Празникот на средината на есента во соработка со Амбасадата на НР Кина во Македонија ќе биде одбележан со поетско читање и церемонија за чај.

На одбележувањето, кое ќе се одржи на платото пред НУБ „Св.Климент Охридски“, најавено е обраќање на ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, Велимир Стојковски и на кинескиот амбасадор во Македонија, Вен Џеншун.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...