Доктори и медицински персонал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби | Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-390, Куманово-22, Штип-28, Прилеп-55, Тетово-48, Струга-9, Велес-53, Битола-31, Охрид-18, Кавадарци-24, Гостивар-18, Гевгелија-12, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-12, Демир Хисар-4, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-9, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-6, Кичево-17, Ресен-3 и Неготино-8.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 223 оздравени пациенти од: Скопје-75, Куманово-9, Штип-10, Прилеп-16, Тетово-27, Велес-6, Битола-13, Кавадарци-6, Гостивар-5, Гевгелија-14, Струмица-14, Радовиш-6, Кочани-7, Демир Хисар-2, Берово -3, Пехчево-1, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-4, Ресен-1 и Неготино-1.

Починати се 14 лица, пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77г), еден од Прилеп (54г), еден од Тетово (88г), еден од Струга (66г), еден пациент од Велес (78г), еден од Битола (76г), двајца пациенти од Струмица (63 и 68г), еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29.558, бројката на оздравени пациенти е 19.994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8.587 . Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 15 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. На кислородна поддршка се 110 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 позитивни мајки, 6 деца и 4 мајки суспектни на ковид-19

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 320 позитивни и сомнителни на ковид-19.