Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-17,  Штип-19, Прилеп-12, Тетово-26, Велес-12, Битола-20, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-56, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-3, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Делчево-7, Свети Николе-7, Кичево-3 и Неготино-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти од: Скопје-210, Куманово-35, Дебар-8, Штип-25, Прилеп-53, Тетово-38, Велес-26, Битола-3, Кавадарци-14, Гостивар-18, Гевгелија-5,  Струмица-19, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-8, Кратово-6, Свети Николе-18 и Неготино-6.

Починати се 35 лица, десет пациенти од Скопје (46, 68, 79, 76, 76, 73, 48, 66, 71 и 66г ), тројца од Куманово (67, 82 и 79г), еден од Штип (79г), двајца од Прилеп (68 и 69г), еден од Тетово (84г), еден од Велес (73г), двајца од Битола (88 и 77г), еден пациент од Охрид (82г), еден од Кавадарци (73г), четири пациенти од Гостивар (75, 73, 50 и 43г), еден од Дојран – ПЕ Гевгелија (65г), двајца од Струмица (48 и 75г), еден од Радовиш (76г), еден од Кочани (67г), двајца од Берово (70 и 53г) и двајца пациенти од Кичево (54 и 70г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55.127, бројката на оздравени пациенти е 32.894, на починати е 1.546, а бројот на активни случаи изнесува 20.687. Од вчера се евидентираат три контрони теста.

Во однос на распределеноста на активните случаи на ковид-19 по општини, најмногу активни случаи има во Скопје – 9.837. Во главниот град, Општина Гази Баба води со 1.474 активни случаи, по што следи Општина Аеродром со 1.407.