fbpx

Денеска се регистрирани 140 случаи на ковид-19, оздравени се 134 пациенти, починаа 4 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7, Велес-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-5, Македонски Брод-1, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2 и Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенти од: Скопје-66, Куманово-8, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-8, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-2 Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Делчево-5, Свети Николе-5 и Неготино-1.

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.694, бројката на оздравени пациенти е 13.128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.920. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, како и 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 145, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...