Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.081 тестирања, а регистрирани се 1.198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-572, Куманово-41,  Дебар-1, Штип-49, Прилеп-53, Тетово-28, Струга-34, Велес-42, Битола-92, Охрид-42, Кавадарци-18, Гостивар-11, Гевгелија-3, Струмица-34, Крива Паланка-11, Радовиш-6, Крушево-6, Кочани-14, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Пехчево-7, Берово-19,  Валандово-9, Виница-11, Делчево-11, Кратово-5,  Свети Николе-20, Кичево-33, Ресен-4 и Неготино-11.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-41, Дебар-4, Штип-36, Прилеп-42, Тетово-69, Струга-12, Велес-52, Битола-37, Охрид-11, Кавадарци-21, Гостивар-22, Гевгелија-11,  Струмица-36, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Кочани-12, Пробиштип-8, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-1, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-3 и Неготино-8.

Починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67г), еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51.213, бројката на оздравени пациенти е 30.204, на починати е 1.423, а бројот на активни случаи изнесува 19.586. Од нив, дури 9.479 активни случаи се во Скопје. По општини, најголем број на заболени има во скопската општина Гази Баба (1.385), по која следува Општина Аеродром со 1.382 и Општина Карпош со 1.199 активни случаи на ковид-19.