Согласно Конкурсот за упис во средно образование, денеска се реализира второто електронско пријавување за основците кои се запишуваат во средно образование.
„Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 1 јули од 10 до 19 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 2 јули, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница“, пишува во Конкурсот за упис.
Ако има потреба, квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули, а конечните ранг-листи со резултатите ќе се објават на 4 јули.
Јаневска, зборувајќи за уписите, на вчерашната прес-конференција кажа дека и оваа година уписите се вршат и електронски и со физичко носење на документите во училиштата, бидејќи не сите училишта имале пристап до е-формата на пријавување и бидејќи не биле сите подготвени.
„Но, од идната година, кога масовно ќе се пушти новиот надграден електронски дневник во употреба, предвидено е училиштата да ги поврзат сите документи за да може да се запише ученикот. Следната година овој проблем ќе го нема. Самиот систем ќе може да ги вади сведителствата и нема да мора да печатиме свидетелства“, рече Јаневска.
