fbpx

Денеска се одржуваат парламентарни избори во Црна Гора

-

Во Црна Гора денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои учествуваат 11 пратенички листи на политички партии и коалиции во натпревар за 81 пратеничко место во црногорскиот парламент. Во седум часот утрово беа отворени 1.217 избирачки места, при што гласачкото право до 20 часот навечер ќе можат да го искористат 540.026 гласачи запишани во Избирачкиот список.

Покрај парламентарни избори, во Црна Гора денеска се одржуваат и локални избори во градовите Будва, Котор, Тиват, Андриевица и Гусиње. Изборите се одржуваат во услови на пандемија на корона вирус во земјата, при што бројот на заболени во изминатиов период постојано растеше. Од таа причина, граѓаните на гласање одат со маски, а задолжително е и дезинфицирањето на рацете пред избирачките места и држењето дистанца во просториите за гласање.

Денешните избори се 11-ти по ред за избор на пратеници во црногорскиот парламент од воведувањето на повеќепартискиот систем во земјата. Предизборните анкети покажуваат водство на владејачката Демократска партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ. Сепак, прашање е дали досегашната владејачка партија ќе обезбеди доволен број пратеници во парламентот заедно со досегашните коалициони партнери за да формира мнозинство за идната влада. Покрај социјалистите на Ѓукановиќ, во борба за власт се вклучени две просрпски коалиции „За иднината на Црна Гора“ и „Мирот е наша нација“, како и партиите на малцинствата во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...