Денеска се одбележува Светскиот ден на книгата

Ширум светот денешниот датум се одбележува како Светски ден на книгата. Се слави и е под покровителство на УНЕСКО уште од 1995 година. Овој ден го одбележува придонесот на книгите, се промовира нивното читање, се дава поддршка на авторите, издавачите и библиотеките низ целиот свет, а воедно се укажува и на важноста на заштитата на авторското право.

„Книгите имаат уникатна можност и да забавуваат и да учат. Тие се средство за истражување на сфери што се надвор од нашето лично искуство и средство за пристап до најдлабоките вдлабнатини на нашите внатрешни страни“, вели Одри Азулај, генерален директор на УНЕСКО, по повод Светскиот ден на книгата и авторското право.

Од УНЕСКО велат дека моќта на книгите треба да се користи во борбата против изолацијата бидејќи таа ќе ги засили врските помеѓу луѓето и ќе ги прошири нивните хоризонти, стимулирајќи ги умовите и креативноста.

Во услови на изолација, ги повикуваат сите читатели, студенти, наставници од целиот свет да ја изразат својата љубов кон читањето, споделувајќи позитивна порака со другите преку хаштагот #StayAtHome и #WorldBookDay.