fbpx

Денеска се гласа во првиот круг на претседателските избори

-

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори, а право на глас имаат 1.808.131 избирач.

Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје и на 32 места во странство.

Гласањето почнa во седум и ќе трае до 19 часот.

На шестите по ред претседателски избори од независноста до денес, ќе треба да се избере петтиот по ред претседател помеѓу тројцата кандидати Стево Пендаровски, предложен од владејачката коалиција, Гордана Сиљановска – Давкова од ВМРО-ДПМНЕ од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и независниот кандидат Блерим Река.

Според член 81 од Уставот, победата на еден од кандидатите во првиот круг може да им ја донесе мнозинство на гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови за кандидатот.

Доколку не се случи изборот да биде завршен во првиот круг, во вториот круг одат двајцата кандидати што освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај.

Изборите ќе ги покрива набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР со вкупно 279 набљудувачи. Ќе има главен тим од 11 експерти со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени во девет тима низ целата држава,.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...