fbpx

Денеска само билатерални средби, неизвесно е продолжувањето на преговорите

-

Работните групи  денеска ќе се состанат само ако на билатералните средби со меѓународните претставници има видлив напредок за спорните прашања околу изборниот законик, дознава „Мета“ од извори во работните групи.

Попладнево се очекува партиите да имаат билатерални средби со претставници на меѓународната заедница, а во зависност од резултатите од тие средби, можно е за доцна попладне да се закаже средба на работната група.

Како што најавија вчера членови на опозицијата, денеска се очекува странците да достават готова верзија на изборниот законик, а партиите да се изјаснат.

Иако од партиите информираат дека поголемиот дел прашања се затворени, тие сè уште не можат да постигнат согласност околу прашањето за гласањето на дијаспората и околу начинот на гласање во Државната изборна комисија.

Засега договорено е ДИК да има поголеми надлежности, јавност во одлучувањето, а жалбените постапки да одат во Управен суд.

Од опозицијата информираат дека избирачкиот список ќе биде целосно прочистен теренски, а дополнително ќе се проверува и со вкрстување на базите на податоците од институциите. Оттаму велат дека меѓународната заедница барала, ако не се договори гласањето на дијсапората, само за овие избори таа да се изземе од гласање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...