Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство во изминатово деноноќие регистрирало рекордни 2.116 оздравени пациенти од ковид-19 во земјава. Воедно, тие информираат дека во последните 24 часа биле направени 2.176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12, Прилеп-15, Гостивар-16, Штип-8, Битола-4, Велес-16, Охрид-13, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-5, Кочани-9, Кичево-10, Гевгелија-2, Неготино-4, Делчево-6, Дебар-7, Крива Паланка-5, Ресен-9, Радовиш-4, Берово-7, Виница-1, Валандово-2, Македонски Брод-1, Кратово-3, Крушево-2 и Пехчево-2.

Од рекордниот број на оздравени пациенти што се регистрирани, најголем дел од нив се од Скопје, и тоа дури 1.489 лица, по што следуваат: Куманово со 6, Тетово со 139, Прилеп со 19, Гостивар со 58, Штип со 8, Битола со 80, Велес со 45, Охрид со 3, Струмица со 55, Кавадарци со 35, Струга со 5, Кочани со 15, Кичево со 33, Гевгелија со 23, Неготино со 26, Свети Николе со 10, Делчево со 16, Дебар со 9, Ресен со 13, Радовиш со 5, Берово со 1, Виница со 6, Пробиштип со 4, Валандово со 3, Демир Хисар со 9 и Крушево со 1 оздравен пациент.

Починати се 14 лица, од кои шест пациенти од Скопје (55, 53, 80, 58, 61, 46г), еден од Куманово (75), двајца од Тетово (60 и 70г), еден од Прилеп (79г), еден од Охрид (55г), двајца пациенти од Струмица (73 и 69г) и еден пациент од Струга (77г)Од нив тројца се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.749, бројката на оздравени пациенти е 71.592, на починати е 2.696. Бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 14.461, од кои најголем број – 8.652 се регистрирани во Скопје. Oд вчера се регистрира еден контролен тест.