fbpx

Денеска регистрирани 219 нови случаи на ковид-19 и четиримина починати

-

Во последните 24 часа во земјава се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на ковид-19: Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево – по 1, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Ова е највисоката бројка на нови случаи уште од 6 мај годинава.

Во последните 24 часа во земјава регистрирани сe 30 оздравени пациенти, од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2, Прилеп, Струмица, Кочани, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.

Пријавени се четири починати лица: две лица од Скопје (61 г. и 66 г.) и по едно лице од Тетово (76 г.) и Кичево (76 г.). Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 999.203 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.926. Бројката на оздравени пациенти е 150.470, на починати е 5.501, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 955, од кои најголем број се регистрирани во Тетово (285) и Скопје (275).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...