fbpx

Денеска регистрирани 137 нови случаи на ковид-19, оздравени 103 и починати 9 лица

-

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се направени 1.542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 60, Куманово – 13, Дебар – 5, Штип – 16, Прилеп – 3, Тетово – 7, Струга – 1, Велес – 3, Битола – 5, Охрид – 1, Гостивар – 11, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 1, Виница – 1, Свети Николе – 3 и Кичево – 5.

Во изминатото деноноќие починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (48, 78 и 57г), двајца од Куманово (92 и 75г), по еден пациент од Штип (80г) и Струга (79г) и двајца од Гостивар (55 и 74г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Дебар – 3, Штип – 1, Прилеп – 6, Тетово – 7, Велес – 5, Битола – 2, Кавадарци – 1, Гостивар – 11, Струмица – 1, Крушево – 1, Кичево – 3 и Ресен – 9.

Досега во земјата се направени вкупно 94.092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.934, бројката на оздравени пациенти е 5.357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 99 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти. Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 42, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...