fbpx

Денеска пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

-

Денеска се очекува Кривичниот суд да ја објави пресудата за предметот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев. Според обвинението, Заев додека бил градоначалник на Струмица од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев побарал поткуп од 160.000 евра за продажба на земјиште во струмичко.

На минатото рочиште обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација и наместо за примање поткуп, обвинетиот да биде осуден за барање поткуп. Обвинителката за ова кривично дело побара од судот да му се изрече осудителна пресуда, која, според законот, е од една до пет години затвор.

Заев пак очекува ослободителна пресуда, бидејќи како што изјави, се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...