fbpx

Денеска почнува да важи полицискиот час од 16 часот попладне до 5 часот наутро

-

Согласно одлуката на Владата, одржана на 25 март, денес во 16 часот почнува да важи забраната за движење за време на викендите. Забраната за движење се однесува на целата територија на државата и е со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Поради оваа мерка, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.

За време на полицискиот час, исклучоци ќе има за земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во оранжерии и пластеници. Но, исклучоци нема да се прават за сопствениците на миленици како што изјави премиерот Оливер Спасовски во вчерашното гостување на телевизија Канал 5.

„Мерката треба да се почитува од сите граѓани и врз основа на тоа што е донесено од Владата. Се знае што е вонредна состојба, се знае што значи рестрикција на движењето. Таа не е донесена затоа што некој сака, туку затоа што треба да се донесе за да се справуваме полесно со целата оваа ситуација. Секој еден граѓанин треба да се организира и да бидеме дисциплинирани во рамките на одлуките кои што се донесени“ – рече Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...