Времето во Македонија ќе биде променливо облачно до средината на денот, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови.
Утринската температура се движеше од 5 до 13 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 15 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно, со сончеви периоди. Утринската температура се спушти до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 24 степени.