fbpx

Денеска ново рочиште за тужбата на Ахмети и на Џафери против Богоевски

-

Денеска во Основниот суд Скопје 2 треба да продолжи судскиот процес во кој лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговиот близок соработник и поранешен вицепремиер, Муса Џафери, го тужат поранешниот директор на Упрвата за безбедност и контраразунавање, Слободан Богоевски, поради неговата изјава пред американската Комисија за хартии од вредност и пред Окружниот суд во Њујорк за вмешаност на двајцата функционери во аферата „Маџар телеком“.

На претходното рочиште, кое се одржа на 31 октомври минатата година, беше присутен само Богоевски, неговоте адвокати и адвокатите на Ахмети и на Џафери.

Рочиштето беше одложено бидејќи, како што рекоа неговите адвокати, не биле испочитувани роковите за доставување писмен одговор од страна на тужениот во врска со наводите изнесени во тужбата.

Богоевски тогаш изјави дека целта на целиот процес против него е Ахмети и Џафери да издејствуваат пресуда која потоа би ја користеле во постапката што се води пред правосудните органи во САД и во македонско обвинителство за организиран криминал и корупција.

Ахмети бара отштета од Богоевски од 3 милиони денари, а Џафери од 2,5 милиони денари.

Комисијата за хартии од вредност пред Окружниот суд во Њујорк почна истрага против тројцата поранешни директори на унгарската телекомуникациска компанија Андраш Балог, Елек Штрауб и Тамаш Морваи, кои се товарат дека во 2005 година преку посредник – грчки бизнисмен, исплатиле милионски суми поткуп на високи владини функционери за да го одложат влегувањето на трет мобилен оператор во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...