Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.450 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино – 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.

Во изминатово деноноќие пријавени се вкупно 21 починато лице. Починати се 6 пациенти од Скопје (91г, 90г, 87г, 66г, 68г, 78г), 3 пациенти од Берово (59г, 51г, 70г), по 2 пациенти од Куманово (72г, 71г), Велес (82г, 56г), Неготино (79г, 79г), Гевгелија (83г, 59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.

Регистрирани се 397 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Прилеп – 41, Кавадарци – 34, Куманово – 20, Велес – 16, Неготино – 15, Битола и Крива Паланка – по 14, Тетово – 11, Гевгелија – 8, Ресен, Пробиштип и Богданци – по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Берово и Валандово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 555.367 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, а на починати е 3.265. Во моментов, бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 10.374, од кои најголемиот дел (5.017 активни случаи) се од Скопје.