Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.331 тестирања, а регистрирани се 1.275 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-519, Куманово-70,  Штип-36, Прилеп-75, Тетово-85, Струга-30, Велес-47, Битола-69, Охрид-24, Кавадарци-40, Гостивар-55, Гевгелија-22, Струмица-39, Крива Паланка-7, Радовиш-15, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-7, Кратово-12, Свети Николе-6, Кичево-34, Ресен-6 и Неготино-19.

Во изминатото деноноќие починаа 13 лица, од кои најмладиот е 31-годишен жител на Струга, како и еден пациент од Скопје на 86 години, еден од Штип на 87 години, четворица пациенти од Прилеп (50, 65, 75 и 73 години), еден од Тетово (71 години), еден пациент од Битола (65 години), еден од Охрид (82 години), еден од Струмица (82 години), еден од Кочани (72 години) и еден пациент од Берово (76 години). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 502 оздравени пациенти од: Скопје-306, Куманово-25, Штип-17, Прилеп-12, Тетово-12, Струга-9, Велес-12, Битола-14, Охрид-28, Кавадарци-6, Гевгелија-12, Струмица-17, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-3 и Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36.372, бројката на оздравени пациенти е 22.526, на починати е 1.084, а бројот на активни случаи изнесува 12.762.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 131 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 13 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 452 позитивни и сомнителни на Ковид-19.