fbpx

Денеска има 162 нови случаи на ковид-19, оздравени се 109 пациенти, починаа 4 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а се регистрирани 162 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2 и Свети Николе-1.

Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Валандово-2, Свети Николе-2. Во болнички услови почина 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, на оздравени пациенти е 15.068, а на починати е 743. Во моментов бројот на активни случаи е 2.327. Досега се направени вкупно 190.127 тестирања. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи, во Скопје има 7.100 случаи на ковид-19, од кои активни се 775. При тоа, најголем број на активни случаи има во општините, Аеродром, Центар и Карпош, каде последните бројки покажуваат 123, 118 и 99 случаи, за разлика од Чаир, Гази Баба, Бутел и Сарај, кои до сега важеа за општини со најмногу активни случаи на ковид-19. Таму, пак, според најновите податоци, се евидентирани 56, 88, 29 и 15 лица активни на овој вирус.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 11 пациенти, вкупно се хоспитализирани 84, на кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се примени на лекување 3 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19 и 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани има 30 пациенти. На респиратор е 1 пациент. Во Битола се на лекување 19, а во болницата во Штип 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 172, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...