fbpx

Денеска евидентирани нови 693 ковид случаи

-

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.480 тестови, а регистрирани се нови 693 случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 170 реинфекции. Исто така евидентирани се и 827 оздравени пациенти.

„Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица“, наведено е во соопштението на Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 2.131.728 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројот на оздравени пациенти е 319.717, на починати е 9.400, а бројот на активни случаи изнесува 4.243.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...