fbpx

Денеска е Задушница – ден посветен на починатите

-

Православните христијани денеска ја празнуваат Задушница, која се смета за еден од најголемите христијански празници. На овој ден, кој е познат и како Денот на мртвите, се посетуваат вечните почивалишта на починатите, им се оддава почит со палење свеќа, црковно пеење на гробот, како и раздавање храна за душата на починатиот.

Според обичаите, се принесува пченица, вино, цреши, а гробот се чисти со оревови гранчиња.

Најблиските на овој ден се молат душата на починатите, да им се простат гревовите кои ги направиле додека биле живи. Се верува дека свеќата запалена на денешен ден ќе му го осветли патот на починатиот до следната Задушница.
Бидејќи станува збор за тежок православен празник, денеска не се работи, чисти и пере. Се смета дека овој ден живите треба да им го посветат на починатите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...