Играта Road Redemption е динамична брза игра со мотори во сетинг како во филмовите „Лудиот Макс“ и е бесплатна за преземање на Epic Games до денеска, 14 август. Но, треба да се напомене дека е оценета 18+ поради експлицитните содржини.
Приказната во играта се базира на трка до пари во која учествуваат различни моторџиски банди. Секојпат кога ќе бидете убиени во играта се отвара опцијата да го надградите ликот со разгранувачки дрвја на скилови и способности, се надградува и моторот и посебните оружјата кои ги користите. Баш како на толку сега популарните RPG игри.
Порано игрите со возење мотори се базираа на тркање и завршување на стази со временски рекорди. Иако најпознат серијал со моторни возила беше Need for Speed, од време на време излегуваа и игри со возење мотори но не волку екстремни како Road Redemption.
Играта ја нарекуваат и „Марио Карт за возрасни“. Марио Карт беше игра во Супер Марио универзумот каде со слатки ликчина од серијалот се тркате и се борите со други играчи. Таа е секако игра за деца но со многу активен и забавен гејмплеј затоа што беше многу игрива во друштво. Road Redemption се цени и поради ова, но и поради факторот на слобода што го пружа како на пример возењето Off Road на одредени локации.
Играта има мултиплејер опции и на еден екран нуди не само сплитскрин туку може и 4 играчи да играат истовремено во екранот поделен на четири различни дела.
Играта Road Redemption брзо се инсталира на компјутер, потреби само 8 GB простор и може да се игра и на постари компјутери. Тоа е игра што нуди инстант забава но и со прогресија во приказната и развивање на главниот лик. Во редовна продажба играта чини 20 евра.
