Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.042 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-530, Куманово-30, Дебар-3, Штип-15, Прилеп-38, Тетово-54, Струга-18, Велес-22, Битола-43, Охрид-43, Кавадарци-8, Гостивар-25, Гевгелија-3, Струмица-23, Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-3, Пробиштип-8, Демир Хисар-4, Македонски Брод-5, Пехчево-1, Берово-2,  Валандово-2, Виница-1, Делчево-5, Кратово-4, Свети Николе-8, Кичево-25, Ресен-8 и Неготино-3.

Во изминатото деноноќие починаа рекордни 30 лица, и тоа шест пациенти од Скопје (57, 66, 80, 64, 54 и 68г), пет од Куманово (58, 64, 67, 68 и 78г), еден пациент од Штип (67г), тројца од Прилеп (58, 57 и 72г), пет од Тетово (83, 60, 62, 69 и 58г), еден пациент од Битола (78г), пет од Кавадарци (73, 74, 70, 77 и 70г), еден од Гостивар (67г), двајца од Радовиш (71 и 68г) и еден пациент од Кочани (52г).

Во јавните здравствени установи низ целата земја се хоспитализирани над 1.000 пациенти, поточно во болниците лежат 1.012 лица.

На Инфективната клиника примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 пациенти, а на Кожната клиника 18 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 508 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 41.222, бројката на оздравени пациенти е 24.920, на починати е 1.186, а бројот на активни случаи се искачи на над 15.000 и тој сега изнесува 15.116.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти од: Скопје-301, Куманово-45, Штип-13, Прилеп-34, Тетово-51, Струга-4, Велес-29, Битола-16, Охрид-24, Кавадарци-23, Гостивар-20, Гевгелија-13, Струмица-40, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-8, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-4, Кратово-5, Свети Николе-5, Кичево-11, Ресен-7 и Неготино-1.