fbpx

Денеска 656 нови случаи на ковид-19 од 3.597 тестирања, починаа 13 лица

-

Продолжува порастот на бројот на новозаболени лица од ковид-19 во земјава. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.597 тестирања, а регистрирани се 656 нови случаи на ковид-19. Притоа, најголем дел од новозаболените лица се од Скопје – 257, а по главниот град следат Битола со 38, Куманово со 34 и Прилеп со 31 новозаболено лице. Заклучно со денешниот ден, во земјава бројката на активни случаи на ковид-19 се искачи на 8.368.

Во текот на изминатите деноноќие регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (67г, 76г, 80г и 86г), 2 починати лица од Куманово (65г и 70г) и по едно починато лице од Гевгелија (71г), Кавадарци (84г), Охрид (76г), Прилеп (71г), Радовиш (70г), Свети Николе (83г) и Штип (74г).

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени осум починати лица со датум на смрт од 31.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Прилеп (1), Охрид (1), Кавадарци (1) и Велес (1) на возраст од 49 до 89 години, од кои 2 се починати во домашни услови и 6 во болнички услови.

Заклучно со денешниот ден, од ковид-19 во земјава починале вкупно 7.276 лица.

Регистрирани сe и 273 оздравени пациенти, со што бројот на оздравени пациенти се искачи на 191.922 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...