Денеска 639 нови случаи на ковид-19, 51 повеќе од вчера

Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Денешната статистика за ковид-19 е позастрашувачка од вчера, односно новодијагностицирани со ковид-19 се 639, што е 51 случај повеќе од вчера, кога имаше 588 нови случаи.

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на ковид-19: Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 22 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 5, Тетово – 4, Гостивар – 2, Струмица, Битола и Кочани – по 1.

Пријавени се 6 починати лица: По 2 починати лица од Скопје (75 г и 76 г) и Тетово (53 г и 77 г), по едно починато лице од Гостивар (58 г) и Битола (79 г). Сите починале во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.039.272 тестирања за ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 159.908 бројката на оздравени пациенти е 150.635, на починати е 5.527, а бројот на активни случаи изнесува 3.746.