Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип – по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар – по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево – по 3, Берово, Делчево и Крушево – по 2, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани се 641 оздравени пациенти од: Скопје – 197, Охрид – 98, Струга – 48, Прилеп – 41, Битола – 38, Куманово – 35, Велес – 34, Струмица – 26, Штип – 23, Гостивар – 22, Тетово – 20, Кичево – 15, Кочани и Гевгелија – по 8, Радовиш – 6, Виница и Пробиштип – по 5, Ресен – 4, Крива Паланка – 3, Свети Николе и Берово – по 2, Пехчево – 1.

Во изминатово деноноќие пријавени се вкупно 39 починати лица: 18 од Скопје (52г, 53г, 62г, 66г, 71г, 71г ,73г, 73г, 74г, 74г, 78г, 79г, 80г, 82г, 83г, 85г и 91г), по 3 починати лица од Охрид (64г, 81г и 82г), Тетово (63г, 80г и 81г), Струмица (72г, 73г и 80г) и Кавадарци (70г, 82г и 83г), по 2 лица од Прилеп (66г и 67г) и Куманово (58г и 80г), по едно лице од Битола (74г), Велес (79г), Штип (77г), Кочани (71г) и Пробиштип (63г). Сите починати пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392.