fbpx

Денеска 550 новозаболени од ковид-19, бројот на активни случаи се искачи на над 7.000

-

Веќе неколку дена по ред, бројот на новозаболени лица од ковид-19 е над 500. И денеска, од 3.029 направени тестирања, регистрирани се 550 нови случаи на ковид-19. Со ова, вкупниот број на активни случаи се искачи на 7.275, информираат од Министерството за здравство.

Притоа, во изминатово деноноќие регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (32г, 70г, 70г,  87г и 88г), 2 лица од Куманово (75г и 86г) и по едно починато лице од Велес (64г), Крива Паланка (69г), Струмица (63г), Кочани (87г) и Тетово (85г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021 година.

Во изминативе 24 часа регистрирани сe 390 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 204.416, бројот на оздравени пациенти е 189.947, а на починати се искачи на 7.194.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...