Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на ковид-19.
Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје – 203, по што следат: Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес, Струга, Берово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Виница и Богданци – по 3, Пехчево – 2, Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции со ковид-19.
Регистрирани сe 595 оздравени пациенти од ковид-19 во текот на изминатово деноноќие.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г) во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 5 починати лица, и тоа: две починати лица од Куманово (75г и 87г) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови во периодот од 05.08. до 13.08.2022 година.
Досега во земјава се направени вкупно 2.140.325 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337.040, бројот на оздравени пациенти е 324.120, на починати е 9.437, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 3.483.

Напишете коментар