fbpx

Денеска 469 нови ковид случаи и 13 починати лица, меѓу кои и лице на 33 години од Неготино

-

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа биле направени 3.296 тестирања, а регистрирани се 469 нови случаи на ковид-19: Скопје – 205, Битола – 50, Кавадарци – 35, Прилеп – 23, Куманово и Штип – по 20, Тетово – 13, Велес и Охрид – по 11, Крива Паланка и Делчево – по 9, Кочани – 7, Гевгелија – 6, Струмица, Неготино, Ресен и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Радовиш и Демир Хисар – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Струга, Берово, Богданци, Крушево, Макдеонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во изминатово деноноќие регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (44г, 60г и 77г), по 2 починати лица од Велес (73г и 80г) и Струмица (57г и 77г) и по едно починато лице од Прилеп (73г), Битола(73г), Кавадарци (75г), Кичево (77г), Неготино (33г) и Крива Паланка (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 375 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467, бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...