fbpx

Денеска 395 нови случаи на ковид-19, меѓу починатите е и лице од Битола на 22 години

-

Министерството за здравство информира дека во изминатово деноноќие направени биле 3.595 тестирања, а регистрирани се 395 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола –  11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип –  2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа меѓу починатите лица од ковид-19 се наоѓа и 22-годишно лице од Битола. Во Скопје се регистрирани 6 починати лица (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица се од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г), Радовиш (67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121, Велес – 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци  – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар иВиница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево иМакедонски Брод – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762, бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 6.813.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник, осомничен за кражба на сеф во Црниче. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во...