Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.608 тестирања, а регистрирани се 377 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – 9, Тетово – 7, Струмица и Крива Паланка – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци – по 4, Свети Николе, Ресен и Кратово – по 3, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Струга, Пробиштип и Крушево – по 1.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (63г, 82г, 85г, 85г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје на 92 години со датум на смрт 06.12.2021 година.

Регистрирани сe 307 оздравени пациенти од ковид-19 во текот на изминатово деноноќие.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 5.677.